По неколку години пауза Општина Велес ќе додели награди за најубав излог на продавница, најубав двор и најубава тераса во Велес, а за што пријавувањето е во тек.

Од Општина Велес ги повикуваат граѓаните да достават предлози за трите категории најдоцна до 21 декември 2018 година до Општина Велес на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 со назнака за Комисија за празнична илуминација или на е-маил opve@veles.gov.mk.

– Пријавата задолжително да содржи точна адреса на предложениот објект, лице за контакт и телефон. Пожелно е да се достави и фотографија или снимка од предложениот објект – појаснуваат од Општина Велес.

Наградите за најуспешните решенија ќе се доделат на свеченоста што Општина Велес ја организира по повод новогодишните и божикните празници. Наградата е во износ од по 15.000 денари за секоја категорија.