ЈП “Пазаришта” од Куманово ги постави унифицираните мини тезги на градскиот плоштад пред Центарот за култура. Еден дел од нив веќе се закупени од заинтересирани трговци кои нудат новогодишни украси и честитки за граѓаните.
– Новогодишниот базар традиционално се организира неколку години наназад, со тенденција да прерасне во новогодишен маркет од поголеми размери.Триесетината тезги се издадени на трговци кои плаќаат надоместок од 150 денари. Базарот ќе трае до завршувањето на празниците – информира Душица Сеизовска-Јовановиќ од ЈП “Пазаришта”.
Општината пред неколку години набави 25 унифицирани мали мобилни тезги, а лани во соработка со здружението на угостители доби дополнителни десет мини бараки. Со поставените мини бараки закупците ќе вршат продажба на новогодишни производи, украси, сувенири, честитики итн. По завршувањето на овој мини базар привремените објекти ќе се чуваат во надлежното претпријатие, по што повторно ќе се издаваат за други празници и манифестации.