Во гинеколошкото одделение во гостиварската болница од денес ќе работи школо за родителство во кое ќе се врши обука и едукација на идните родители.

На пригодната свеченост за важноста од отварање на ваков школо во Гостивар зборуваше и заменик министерот за здравство Асим Муса.

– Во првото тромесечије од 2018 година во Гостивар беа регистрирани 179 новороденчиња, што како општина го вбројува меѓу петте со најмногу породувања. Отука ми е драго што Пивара Скопје ја препозна вистинската потреба за ваков тип на едукација и искрено верувам дека со вакви проекти ќе придонесеме за успешно родителство и подобро здравје, рече заманеик министерот Муса.

Заблагодарувајќи се на донацијата, Јакуп Јакупи директор на општата болница „Ферид Мурад“, нагласи дека вакавата форма на едуцирање е добредојдена и упати покана до идните родители да дојдат и да ги посетуваат часовите кои се бесплатни.

Обуките во Роса школото ќе ќе се организираат во пет тематски целини кои се однесуваат на негата на трудниците и новороденчињата, а стручната поддршка ќе ја дава специјално обучен тим кој поминал низ соодветна обука.

Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечна кампања преку која се издвојуваше по еден денар од секое продадено шише вода Роса и е во партнерство со Министерството за здравство.

Вакво школо е отворено во Скопје, а наскоро треба да се отвори и во клиничката болница во Битола.