Фондацијата Никола Јанчев донира 36 илјади евра за 120 прочистувачи на воздух во основните училишта во Кавадарци.
Од Фондацијата велат дека донацијата е од општествен интерес и е во согласност со стратешката цел на фондацијата, а тоа е организација на хуманитарни активности преку собирање на средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството, кои се од интерес за пошироката јавност.
-Се мисли на образование, животна средина и спорт, како и едукација на млади од секоја област, посочуваат од Фондацијата што го носи името на покојниот татко на кавадаречкиот градоначалник и во која редовно се донираат и парите од градоначалничката плата.
Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев потсети дека претходно, од Фондацијата биле донирани средства за успешни ученици.
Тој исто така информираше дека компанијата од која ќе бидат обезбедени прочистувачите, рекла дека ако се реализира набавката, ќе донираат плус 50 прочистувачи за средните училишта. Претходно, истата компанија донираше прочистувачи за занималните во градинките.