Општина Росоман ги доби првите пешачки премини во непосредна близина на росоманското основно општинско училиште „Пере Тошев" што имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците чија фреквенција е голема во тој дел.

- Како општина стартувавме со пешачки премини на улиците „Пролетерска" и Пере Тошев", но нема да застанеме тука.

- Следуваат и други пешачки премини. Всушност, имаме проект за соодветно сообраќајно решение со кое ќе се зголеми безбедноста како за пешаците, така и за возачите, рекоа од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Активностите ги спроведува општината со сопствени средства, во соработка со комуналното претпријатие.