Се работи за 120 апарати во вредност од 36 илјади евра. Тие ќе бидат сместени во шест училишта, во кои учат 3.500 ученици.
Градоначалникот на Кавадарци и основач на фондацијата која го носи името на неговиот покоен татко, Митко Јанчев појасни дека буџетот на фондацијата месечно се зголемува од градоначалничката плата и донации од семејната компанија на Јанчеви, "Кожувчанка".
Заблагодарувајќи се на повеќе субјекти за соработката, тој се заблагодари и на советниците во градскиот Совет и политичките партии, за сплотеноста во Кавадарци која придонесува за подобар живот.
Директорката на Фондацијата, Јанинка Чупаркоска, рече дека целта им е хуманоста. Таа потсети дека претходно, фондацијата додели 36 стипендии за успешни ученици и студенти, во вредност од 10 илјади евра. Со вакви и слични иницијативи ќе продолжат и понатаму. Инаку, таа е сестра на градоначалникот.