Поради голем одрон и урната земја сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица од синоќа е во прекин. Одронот е пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица. Сите кои имаат потреба да патуваат до Скопје тоа можат да го сторат по алтернативниот патен правец Делчево – Бигла – Виница. Тешките товарни возила, пак, можат да се движат само преку Берово. Нема информации за повредени.