Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, традиционално на пригоден настан го додели годишните награди и благодарници за придонес и достигнувања во архитектурата и инженерството.

Годинашен добитник на наградата „Александар Цане Ангелов“ е професор д-р Голубка Нечевска – Цветановска од Одделението на градежни инженери, а Рафаил Влчевски од одделението на архитекти и урбанисти е добитник на наградата „Борис Чипан“.

Наградата „Станимир Јовановски“ ја доби Горан Мојсоски од одделението по електротехника, а наградата „Илија Черепналковски“ на Сашо Николоски од одделението на машински инженери.

На настанот по повод 11 години од своето постоење, беше доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката.