Крушево активно работи на развојот на туризмот и во иднина ќе продолжи да презема чекори во таа насока.
Се професионализира полетувалиштето на Мечкин Камен со нова вештачка трева, се спроведува проектот за развој на авантуристички туризам, а ќе продолжат и активностите во сите сектори поврзани со туризмот, патиштата, улиците, подобрувањето на хигиената, најави денеска градоначалникот Томе Христоски на тркалезната маса „Да се живее од туризам".
Христоски и претставниците на трите здруженија потпишаа Меморандум за соработка со кој се обврзуваат на креирање функционална платформа и заеднички пристап со наслов „Да се живее од туризам".
На тркалезната маса говореше и Саша Максимоски од „Свис контакт" кој ги образложи резултатите од истражувањето за состојбата во туризмот во Крушево.
Учествуваа претставници од невладиниот сектор, институции, издавачи на соби и претставници на угостителскиот сектор.
Дводневната тркалезна маса ја организираат невладините организации од Крушево „Центар за хумани односи", „Здружение за угостителтво и туризам" и на здружението „Крушевска жена".