Сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево вчера попладнето е пронајден мртов во неговиот објект.
Како што соопшти МВР, телефонски во ПС-Кичево e пријавeно дека во угостителскиот објект „Гурман“ на ул.„Борис Кидрич“ e пронајден прободен со нож сопственикот на објектот М. С.(64) од Кичево.
Смрт е кoнстатирана од Итна медицинска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници и јавен обвинител. Увидот е во тек.