Во Одделението за гинекологија и акушерство во Клиничка болница-Битола, во првиот ден од новата година регистрирани се 3 новороденчиња, а првото бебе е машко.

Од Клиничка болница-Битола информираа дека во 00.40 часот, мајката Александра Максимовска од Велес, со спонтано породување на свет го донела својот втор син, а претпладнево во битолската болница се родени уште две машки бебиња.

– На 1 јануари 2019 година во Битола се родени три здрави и живи новороденчиња. Нека ни бидат здрави и живи долги години, да имаат топлина во домот и љубов, порача градоначалничката Наташа Петровска за време на традиционалната посета на Клинички центар-Битола.

Градоначалничката Петровска ги посети и им подари симболични подароци и на трите мајки. Второто бебе родено во битолската болница е од Кичево, а третото од Битола