Мирна ноќ за службите во Куманово. Пожарникарите немале потреба да интервенираат, а Итната помош интеревенирала редовно за хронично болните и на едно лице му ги санирала повредите здобиени во тепачка.

На Интерното одделение во кумановската болница поради интоксикација од алкохол помош побарале 25 лица од кои двајца малолетници.

-За нашата служба ноќта беше релативно мирна. По пружената помош, лицата се пуштени на домашно лекување, изјави Емилија Додиќ, специјалист интернист.

Куманово немаше организиран пречек на Нова Година. Кумановци се одлучија за домашна атмосфера, прослава по рестораните и кафе баровите, а дел и во туристичките центри во Македонија и надвор од неа.