Првото бебе во Кавадарци родено оваа година е женско. Мајката Цветанка Димкова и бебето кое се роди со тежина од 2,9 килограми, се во одлична состојба. Ова е прво бебе на семејството Димкови.

Посетувајќи го гинеколошко-акушерското одделение, градоначалникот Митко Јанчев.им посака здравје и се најубаво на среќната мајка и новородената ќерка, од свое име и од име на локалната самоуправа.

– Бидејќи сме регионална болница се случува првото бебе да биде и од други градови, што не е за потценување. Посакувам поголем наталитет, здрави и прави деца, нагласи градоначалникот.

Директорот на Општа болница со проширена дејност, доктор Диме Коцев соопшти дека изминатата година во болницата се извршени 400 породувања.

-Голема благодарност до градоначалникот за убавиот гест и огромната подршка што ја дава. Лани се извршени 400 породувања, од кои 226 машки, 174 женски новородени. Од тие 79 се извршени со оперативен треман-царски рез, а останатите се породени спонтано. Огромна благодарност до персоналот на ГАК одделение и до Клиниката за гинекологија и акушерство од Скопје, од каде 24 часа се присутни лекари во кавдаречката болница, за да пружат адекватна здравствена заштита. И понатаму ќе продолжиме со таа соработка за здравствената заштита на родилките да биде на едно високо ниво, додаде Коцев.