„Ако не постои утре“ и „Девојката од Бруклин“ од Гијом Мисо и „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година.
КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ја објави листата на 20-те најпродавани книги во 2018 година. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо.
Четврта година по ред книгите на Мисо се најактуелни на КупиКнига.мк.
– Секоја година се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и да ја збогатиме нашата понуда со најразличен жанр. Нудиме одлична опција за подароци за празниците, за безброј различни вкусови и желби. Има ли нешто подобро од тоа да подариш книга и таа да стигне каде и да посакаш во светот и да донесе огромна радост затоа што ова е подарок кој не ја губи својата вредност, изјави Елена Темелковска, Оперативен менаџер на iVote.
Целосна листа на топ 20 најпродавани книги во 2018 година:
1. Ако не постои утре – Гијом Мисо 2. Девојката од Бруклин – Гијом Мисо 3. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов 4. Девојката и ноќта – Гијом Мисо 5. Апартман во Париз – Гијом Мисо 6. Математика 4, Збирка задачи со тестови и активности – Јадранка Клисарова 7. Точка на измама – Ден Браун 8. Во еден момент – Гијом Мисоо 9. Ноќ и ден – Вирџинија ВУЛФ 10. Душокршачот – Себастијан Фицек 11. Мојата македонска приказна: каде одиш, Македонијо! – Љубчо Георгиевски 12. ЦРНА КАКО АБОНОС – Сала Симука 13. Приказната на робинката – Маргарет Атвуд 14. Тори и принцот-змија – К.В. Јохансен 15. Крадец на воздишки – Александар Алексов 16. БЕЛА КАКО СНЕГ – Сала Симука 17. Совршената замена – Грир Хендрикс 18. Куферот од Берлин – Јелена Бачиќ Алимпиќ 19. Благодарам – Ана Салтирова Давидовски 20. Понекогаш лажам – Алиса Фини
КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги. Моменталната понуда брои над 60.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански јазик од најразлични жанрови. Зад КупиКнига.мк стои iVote, водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење.