Над петстотини дечиња заедно со нивните роднини и други вреници учествуваа во Бадниковата поворка во Гостивар. Тие, носејќи ја Витлеемската пештера со песна го најавија Христовото раѓање. Од црквата „Пресвета Богородица” на градскиот плоштад поминаа низ градските улици и дојдоа во црквата „Св. Петка”.

Од гостиварското архиерејско намесништво на учесниците во поворката им даруваа пакетчиња, крстиња, овошје и брошури со верска содржина.

Бадниковата поворка во Гостивар годинава се одржа по четврти пат со поддршка на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.