Кога ќе се врати ВМРО ДПМНЕ на власт прво што ќе направиме како дел од економската програма е враќањето на рамниот данок, оти прогресивниот е удар врз економијата, порача вечерва во „Отворено на Алфа“ универзитетскиот професор и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески.

Според него ниту законот за пазари не профункционира заради тоа што, очигледни се недостатоци- смета Славески.

-Странските инвестиции не зависат од членството во НАТО и ЕУ, впрочем во најдобриот инвестициски период во 2008-та, Македонија беше блокирана за влез во НАТО. Нема најави за некоја навалица на странски инвестиции, секако има желби и очекувања и добро е да се консолидира Македонија после оваа длабока криза односно да се консолидираат институциите, рече Славески.

Тој исто така кажа дека поголемата заслуга за ставање на Македонија на мапата на странски инвеститори ја имаат владите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Процесот на провлекување на инвестиции и поставување на основата институционална која ја признаваат и претставници на Владата на СДСМ дека беше поставена на здрава основа е заслуга на вчадите на ВМРО ДПМНЕ напорите кои што се направија Република Македонија да се стави на мапата на странски инвеститори, истакна Славески.

Славески кажа дека треба да се мерат резултатите на Владите, а не очекувањата и ветувањата кои што се презентираат.