Се прошируваат детските градинки во Кавадарци, се доградуваат шест занимални, од кои две во градинката во село Ваташа и четири во една од градинките во градот.

-Само доизградбата е инвестиција од околу дваесет милиони денари, а активностите треба да завршат во месец февруари, вели кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во моментов 300 дечиња чекаат место за во градинка, а со новите занимални, таа бројка ќе биде намалена на 150.

Истовремено, простор за градинка се адаптира и во селото Марена, а такво нешто се очекува и во Возарци.