Поранешниот градоначалник на Општина Росоман од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Стојанче Лазов, се пофали дека со стрела убивал диви свињи.
На својот Фејсбук профил тој објави неколку фотографии покрај убиените и крвави животни, со пораките:„ Нека се ловат, и со стрела се може, и Нека се плодат, нека се ловат“.
Лазов е познат како страсен ловец и ова не е прв пат тој да се пофали со уловот на социјалните мрежи. Но, исто така, тој не е единствениот политичар кој што ужива во ловот на диви животни. Минатиот април на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која голем број на бизнисмени и политичари, позираа покрај дури 57 застрелани диви свињи во ловиштето Јасен.
Тогаш остро реагираа од Здружението за заштита на животните Анима Мунди, а дел од политичарите на фотографијата се оградија, тврдејќи дека не убиле животни, туку се нашле во друштво на ловците, а и самите се згрозиле од сликата на крвавите животни.
Извор: Фокус.мк