Синојќа булеварот „Илинденска“ во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ беше под вода.
За големата поплава од Градот Скопје известија дека пукната е водоводна цевка F400.
Водата со голема брзина се разлеа по булеварот, што предизвика хаос во сообраќајот, а кога екипите на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече, а улицата се исполни со кал.
Дел од булеварот Илинден беше затворен за сообраќај, а жителите на повеќе улици останаа без водоснабдување.