Меѓународниот фонд на Вишеград за академската 2019/2020 година доделува стипендии за редовни, магистерски, докторски и постдокторски студии во сите научни дисциплини за студирање на високообразовни институции во земјите на Вишеград (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска).
Стипендиите се наменети за државјани од 12 земји, вклучително и од Република Македонија. За студентите стипендијата изнесува 2.300 eвра по семестар, а 1.500 eвра по семестар се за институцијата домаќин. Рокот за аплицирање е до 15 март 2019.
Информации за начинот, условите и формуларот за аплицирање се достапни на интернет-страницата: www.visegradfund.org/apply/mobilities/visegrad-scholarship