Најмалку 10 жртви и над 30 повредени лица има во страотната сообраќајна несреќа што попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје - Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.

Само во градската општа болница „8 септември“ донесени се патници од нив петорица починале.

Директорот на Градска општа болница „8 септември“ Христијан Костов изјави дека двајцата жртви биле донесени починати, а тројца починале по обидите да се реанимираат.

Тој истакна дека засега се донесени околу 35 повредени лица и додаде дека веројатно бројката ќе се зголемува. Од нив еден е на интензивна нега и се бори за живот, а другите се со изолирани со повреди, скршеници и рани.

-Отворени се четири операциони сали. Сите екипи се повикани со цел капацитет. Сите повредени се сместени во новиот отворен траума центрар. Тој е нов и добро подготвен. Сите се таму и мислам дека освен овие жртви, другите ќе бидат добро, изјави Костов за МИА.