Познат е идентитетот на 14 патници кои го загубија животот во вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак.
Утврден е идентитетот на 14. загинати лица во несреќата, што се случи вчера околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, скопско, кога автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(49) од Гостивар излета од патот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот на починатите лица: Ј.Т. (25) од Гостивар, О.С. (19) од Гостивар, Б.А. (21) од с. Зубовце, Врапчиште, З.Д.(38) , А.И. (25) од Гостивар, Б.Ф. (38) од с. Сенокос, Врапчиште, Б.У. (20) од с. Долна Бањица, В.Х. (29) од с. Дебреште, Гостивар, А.Р.(33) од с.Дебреште,Гостивар, Д.Р.(38) од Гостивар, П.К.(23)од Гостивар, А.А.(55) од с.Железна Река,Гостивар, Е.Е.(65) од Гостивар и Т. Ј. (62) од Гостивар.
Во несреќата беа повредени 37 лица, од кои 29 се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница.
Одредени медиуми ги објавија целосните имиња на загинатите. Сепак од МВР не ги објавија загинатите со целосен идентитет. Според медиумите во несреќата загинале:
Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
Бесим Камбери, с. Сенокос, гостиварско
Онур Садику (19), од Гостивар
Есат Емрули, од Гостивар
Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
Бесим Фетаи, од Врапчиште
Бејза Узеири, од Долна Бањица
Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
Бобан Аврамовски, студент на ФОН
Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје
Редакцијата на Makpress.mk упатува сочувство до семејствата на трагично загинатите. Нека делото и ликот на нивните најблиски се памети засекогаш. Вечен спомен.