Во Полициската станица Бит Пазар, вчера во 19.30 часот И.С.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“, во автобус на ЈСП бр. 19, двајца вработени во ЈСП како контролори физички го нападнале откако им рекол дека нема билет.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ова е втор случај на претепување на патник од страна на контролори на ЈСП откако во полицискиот билтен пред месец и пол излезе информација дека слична ситуација имало и во автобусот со број 2.
На 20.12.2018 година било пријавено дека во автобус на ЈСП број 2 кој сообраќал на релација од Центар кон Ѓорче Петров 2, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 16-годишен малолетник од Скопје од една страна и С.С.(49) и Н.Т.(52) од Скопје вработени како контролори во ЈСП од друга страна.
До тепачката, како што информираше тогаш МВР, дошло по претходно меѓусебно недоразбирање и расправија околу наплата на билет за возење.