Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, во емисијата „Анализа“ изјави дека актуелната влада на ДУИ и СДСМ добила порака од граѓаните дека нивниот консензуален кандидат е пропадната инвестиција.

Испративме порака, но и порака од народот добивме дека не помина консензуалниот кандидат кој што го промовираше ДУИ. Резултатите ни покажуваат дека партискиот договор затскриен позади „консензаулен концепт“ е пропаднат проект кој што не помина кај Албанците, вели Таравари.