Поранешниот градоначалник на Чаир и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, во емисија на 1ТВ истакна дека на контото на Пендаровски се слеале околу 50.000 гласови на ДУИ и дека токму тие ја направиле разликата меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.
„Ова е првпат, албанска политичка партија да се одлучи во прв круг да оди со заеднички македонски кандидат. Знаевме дека тоа може да не чини намалување на рејтингот. Но, кога оваа влада апсолвираше некои битни работи, како името, Законот за јазици, претседател на Собранието, ние возвративме со поддршка за заеднички кандидат. Гласовите на ДУИ се придонес за Пендаровски да биде победник во првиот круг. Според анализите, околу 50.000 гласови се на контото на Пендаровски. Албанците не се навиканти во првиот круг да гласаат за кандидат Македонец. Во вториот круг работите се многу јасни и поддршката на Пендаровски од албанскиот електорат ќе биде поголема“, рече Меџити.