Деновиве имав средби со многу млади луѓе. Знаете дека вие сте мојот приоритет.

Без вас Македонија нема иднина. Во мојата програма има неколку проекти наменети за вас.

Мој приоритет е промоција на Македонија како безбедна земја со високо квалификуван кадар, земја на млади и паметни луѓе и најдобри услови за вложување на капиталот.

Младите и успешните се најубавиот амбасадор на една држава. Затоа, ќе промовирам амбасадори на добра волја од редот на млади професионалци од целиот свет, кои имаат влијателни функции во меѓународна економија, политика, меѓународни односи и уметници со светска кариера. Размислете убаво како ќе гласате на 5 Мај.

Размислете и зборувајте со вашите колеги, другари и пријателки.

Многу е битно да излеземе на овие избори. Правото и правдата за Македонија мора да победат, за иднината на сите млади да биде во оваа земја, не во странство.

*Платено политичко рекламирање