Не можеме да кажеме дека изгледот не е од значење за жените, но далеку поголемо значење за нив има вашето однесување. Токму однесувањето може да ги одбие од вас или токму спротивното да ги натера страсно да ве засакаат. Еве неколку квалитети кои е добро да ги покажете, ако сакате да го „полудите“ женскиот пол на планетава.

Рамнодушност

Жените знаат кога се посакувани, го чувствуваат тоа и задоволни брзо губат интерес кон обожавателот. Но, ако вие покажете рамнодушност кон некоја жена, таа ќе направи сè за да ве натера да и посветите внимание.

Аристократски изглед

Исправениот грб е знак за здрав маж. Градите напред, стомакот внатре. Тоа се индикациите за функционален маж во плодна возраст.

Одговорност

Станува збор за исполнување на ветувањата. Дамите очекуваат од вас сигурност и секој пат кога не си стоите на зборот започнуваат да гледаат со недоверба кон вас. Затоа ако не можете да исполните нешто не ветувајте.

Бела маица

Обичната бела маица има ефект на илузија, односно поради недостатокот на работи што би го одземале вниманието, нормално развиеното машко тело ќе го истакне V-обликот, кој е симбол за мажественост. Момците во бела маица и фармерки изгледаат помажествено и многу попривлечно.

Кулинарство Иако жените не сакаат да зборуваат за храна, тие за особено привлечни ги сметаат оние мажи кои можат да готват и сакаат да ги демонстрираат нивните кулинарски вештини.

Чувство за хумор

Без тоа никако не можете да поминете кај било која жена. Жените сакаат позитивни мажи кои знаат да прават шеги. Ако успеете да ја задржите насмевката на нејзиното лице ќе стане зависна од вас и секогаш ќе го посакува вашето присуство.


Администратор
05/10/2019 21:15