Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во Министерството за култура оствари работна средба со членовите на Културно-уметничкото друштво (КУД) „Панче Пешев“ од Куманово.

На средбата, на која присуствуваше и претседателот и уметнички раководител на ова друштво, Мирослав Крстевски, на министерот Исмаили му беше врачена благодарница по повод поддршката за реализацијата на првото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, кој се одржа во јули годинава.

Одржувањето на овој фестивал, на кој настапија 12 фолклорни ансамбли од нашата земја, како и од Колумбија, Босна и Херцеговина, Србија иод Бугарија, беше посочено на срдбата, е од големо значење за негувањето и заштитата на фолклорното богатство од кумановскиот крај.

Министерот за култура беше информиран дека на 5 ноември во Куманово ќе биде промовирано и ДВД-издание од 1. Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“.

КУД „Панче Пешев” од Куманово е едно од најстарите фолклорни друштва на Балканот и постои 93 години. Членовите на ова друштво имаат освоено многубројни признанија, меѓу кои и наградата Гран-при за најдобри изведувачи на 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”.