Изложба на детски цртежи ќе биде свечено отворена денеска во НЛБ Галеријата во Скопје по повод НЛБ месецот на штедење.

Како што соопштува НЛБ Банката, изложбата е од хуманитарен карактер и Банката за секој испратен цртеж донира 200 денари.

Собраните средства ќе бидат донирани на Онколошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје