Изложбата на 35 фотографии од Влатко Деков насловена „Прага интима” вечерва беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.
На отворањето беше промовирана и фото книга од авторот Влатко Деков.
За изложбата говореше Весна Ѓорѓиева, директор на Музеј галеријата, а на значењето на фотографијата, се осврна Тони Коцев, фотограф.
– Влатко Деков ја користи фотографијата не само да забележи и сними одреден момент, туку многу вешто ја користи за изразување на своите емоции, нагласи Коцев.
Задоволство поради настанот изразија и самиот автор и амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Томан. Настанот е организиран од Музеј галеријата, заедно со Здружението на граѓани „Култ-Транзен” од Струмица, а финансиран од Министерството за култура.
Проектот е работен две години, период во кој авторот ја посетува Прага повеќе пати, живее и ја фотографира во текот на летниот и во зимскиот период.