Македонската поетеса Наташа Сарџоска настапи на годинашните 43-ти Плавски книжевни средби во рамки на Плавска културна есен во Црна Гора.

Сарџоска настапи со авторски поетско-музички рецитал во придружба на пијанистката Ема Попивода.

На овој книжевен фестивал беа поканети писатели, музичари и драматурзи од Србија, Босна, Косово, Хрватска и истакнати ликовни уметници во рамки на ликовната колонија што се одржува покрај Плавското Езеро.