Задоволство од досегашната соработка и поддршката што Швајцарија ја негува кон културата, институциите и кон уметниците во Македонија е изразено на денешната средба на министерот за култура Хусни Исмаили со амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Зутер Техада.

– Соработката во културата помеѓу двете земји се одвива без официјални документи, па на средбата стана збор и за интересот на Министерството за култура за интензивирање на конкретни соработки и развивање на заеднички проекти кои би се реализирале помеѓу институционалниот и граѓанскиот сектор од повеќе областа на културата, се вели во соопштението на прес-службата на Министерството за култура.