На Православниот богословски факултет во Скопје денеска ќе се одржи Третиот Светиклиментов научен собир на тема „Словата и Словото“, кој што ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие.
Целта на научниот собир е да ја визира многуслојноста на прашањето за словесноста во контекст на философијата, филологијата, лингвистиката, книжевноста, психологијата, историјата, правото, социологијата, уметноста и архитектурата, да ги постави во релација со православното богословие и да ги лоцира можните точки на нивно заемно проникнување и синтетизирање.