Во просториите на библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беше отворена изложба на дела што ги изработија учениците од основните училишта од Кочани, а во рамки на едукативната рабтоилница „Културното наследство од Кочани и Кочанско“ чиј носител беше Археолошкиот музеј на Македонија.
На изложбата се претставени ликовни творби, графика и скулптури што учениците сами ги креираа како резултат на стручните предавања за откриеното археолошко и друго културно богатство во регионот.
-Работилницата како самостоен проект традиционално се организира од 2013 година и досега на неа учествуваа над 150 ученици. Изложбата е само завршна фаза од нашиот едукативен пристап што годинава го реализиравме во соработка со основните училишта „Раде Кратовче“, „Св. Кирил и Методиј“ и школата за цртање и сликање при НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани. Учениците користеа различна техника за сликање и скулптури преку кои ги изразија сознанијата до кои дојдоа за време на предавањата, истакна Илинка Атанасова, кустос советник во Археолошкиот музеј.
Годинава на работилницата учествуваа триесетина ученици кои твореа во просторот на етно-куќата во Кочани. Поддршка за нејзината реализација даде Министерството за култура, а во рамки на проектот изработен е и каталог за учесниците