„Везилка 2011“ ја објави најновата книга на словенечкиот филозоф со светска репутација Славој Жижек ,,Да се почне од почеток“.

Од Издавачкото друштво наведоа дека книгата донесува основен поглед на перцепцијата на авторот на општественото и политичкото.

– Неговото главно оружје и сила е неговиот стил: мешавина на психоанализата на Жан Лакан, филозофијата, секојдневната патологија, бројните примери на нкнижевноста, филмот, кладичната музика, политиката, спортот, физиката, популарната наука. И пред сѐ шегите, посочија од „Везилка 2011“.

Жижек е еден од ретките автори кој може да ги претстави тривијалните, банални поими на нетривијален начин, нив да ги поврзе најјасно и разбирливо со најзамрсени спекулативни филозофски и психоаналитички проблеми.