Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ денеска во Битола ќе ја промовира книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев, кој е автор на повеќе книги и учебници од областа на музиката за средно и за високо образование.

Во својата кариера покрај тоа што бил професор, Здравев работел и како диригент и организатор на опери и концерти со познати солисти од државата и од странство.

Книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев е издание на универзитетската издавачка куќа Маѓународен Центар за славјанска просвета и ќе ја промовира Владо Ѓорески.