Во Музејот на Македонската борба, утре солистички концерт на виолончело ќе одржи Антонио Илиоски, ученик во Средно музичко училиште: ДМБУЦ „Илија Николовски Луј” Скопје во класата на професор Марија Кочарова Узунова.
На репертоарот се дела за виолончело од Saint Saens, Max Bruch, Daallo` Abaco и Ристо Аврамовски.
Илоски е роден во 2003 година, а музичката кариера на виолончело ја почнува на осум годишна возраст. Учествувал како соло изведувач и во камерен состав на 33 натпревари, од кои повеќето се со меѓународен карактер. Како солист на меѓународни натпревари има освоено прво и второ место, а во камерен состав три прва места. Дел е од оркестарот при ДМБУЦ Илија Николовски Луј – Скопје. Учествувал и на фестивали во Италија, Грција, Србија , Словенија.