Симон Трпчевски по пауза од 11 години настапи во Штип, а концертот се одржа во Домот на културата „Ацо Шопов“.
Но, наместо ноќ за паметење и уживање во неговите дела, од неговиот настап ќе остане запаметено дека во салата немало парно греење во јануари месец како и други неопходни работи за нормално одржување на концерт.
Поради тоа, Трпчески одржа брилијантна лекција со која во 5 минути целосно ја долови ситуацијата со културата и културните установи во Македонија.