Во Скопје престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи ПМ10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од Владата.
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 28.01.2019 (вторник), среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје.
Со тоа престануваат да важат мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички за Скопје, соопштија од Владата.