Според претставените податоци, највисоката годишна бруто плата е исплатена во секторот здравство во износ од 183.806.532 денари, а на листата на највисоки рангирани бруто плати и се платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти.
Граѓанин од Скоје има остварено највисоко лично примање по друг основ во износ од 119.268.921 денари.
Во 2018 година остварен највисокиот износ на капитална добивка во поседните 10 години од страна на граѓанин во Скопје во износ од 841.164 илјади денари. По основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката, скопјанец пријавил заработка од 407.262.693 денари. Кај самостојните вршители на дејност доминираат оние од Скопје со приход од кои највисокиот износ е 46.024.172 денари. Во дестте топ рангирани се и адвокати, нотари, извршители и угостители.
Од сопствени земјоделски производи највисок износ има во јужниот регион, каде граѓанин од Гевгелија остварил приходи од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 25.319.395 денари и жител од Валандово кој остварил приход 19.744.161 денар.
Тетовец пријавил највисок бруто приход од имот и имотни права во износ од 84.039.667 денари, додека скопјанец пријавил највисок годишен бруто приход од 22.612.966 денари од авторски права по основ на индустриска сопственост.
Од игри на среќа во Скопје е пријавен вкупен бруто приход од 53.611.197 денари.
По основ на пензија, пензионер од Скопје има највисок бруто приход по овој основ во износ од 5.738.783 денари, а од пензиски надоместок за доброволно пензиско осигурување е пријавен приход во Скопје во износ од 2.798.737 денари.
Најстариот жител кој остварил приход од над еден милион денари во 2018 година имал 99 години, а над 10 милиони денари 93 години.
На листата со приходи оставрени над еден милион денари по основ на дивиденда е и лице родено во 2018 година, а во групата над 10 милиони денари најмладото лице има 21 година.