Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ Дарко Димовски, им го честита 8ми Март на сите жени во нашата држава.

Со желба и натаму безусловно да се залагаат за остварување на основните човекови права – правото секој, без исклучок, да живее од својот труд и да ја обезбедува и унапредува својата материјално- социјална положба, како и да работи во безбедни и здрави услови за работа.

ССМ активно се вклучува во овогодинешната кампања на ЕТУЦ – Европската конфедерација на синдикати „GENDER PAY GAP – END THE SECRECY„ по повод 8-ми Март, со која опфатена е потребата за еднаквост во плаќањето и борбата во иднина мажите и жените кои работат на исти работни места, со исти квалификации, да бидат еднакво платени, а на тој начин да се намали и во целост да исчезне сиромаштијата на вработените жени и нивните деца.