Србија од 1 јуни во потполност ќе ги отвори границите со четири земји од регионот, објави белградски Блиц.

-Како што дознаваме, во потполност ќе се либерализира движењето со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, пишува Блиц повикувајќи са на свои неименувани извори.

Ваквата одлука е донесена поради тоа што ниедна од наведенети земји не се жаришта на коронавирусот, пишува Блиц, како и поради студентите од Република Српска и Црна Гора.

Српските медиуми, кои ја пренесуваат оваа вест на Блиц и Курир, наведуваат дека за премин на границата ќе биде потребен тест за коронавирус или карантин од две недели.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската влада, како и кризниот штаб сеуште официјално немаат соопштено за одлуката за отварање на границите на Србија со соседните земји, ниту пак начините на кои тоа ќе биде овозможено, во смисол на потребата од приложување на тест за коронавирус и времетраењето на истиот, како и потребата од двонеделен карантин.


Администратор
12/05/2020 22:36