Се проценува дека четири и пол милиони Французи биле заразени од новиот коронавирус од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Проценката за бројот на заразените Французи ја даде професорот Арно Фонтане од институтот Пастер.

– Четири и пол милиони заразени, тоа ни изгледа и многу и малку. Бројот е голем во однос на регистрираните случаи, бидејќи тоа зависеше од симптомите и од располагањето со тестови. Истовремено ова е мал број кога се зборува за фамозниот колективен имунитет, односно пропорцијата на заразени Французи што ќе овозможи спречување на ширењето на вирусот, за што се потребни 66 проценти, односно 40 милиони. Значи далеку сме од колективен имунитет, нагласи Фонтане.

Последниот извештај на француските здравствени власти покажува дека за 24 часа починале 31 лице, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 28 802.


Администратор
02/06/2020 00:25