За прв пат од март годинава, во Шпанија во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од коронавирусот.

Директорот на центарот за одговор на итни здравствени случаи Фернандо Симон, на прес-конференција рече дека ваквиот развој на ситуацијата е „многу, многу охрабрувачки“.

Тој додаде дека во последните 24 часа се регистрирани само 71 случај на заразени со коронавирус.

– Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата. Статистиките го следат трендот. Тие одат во вистинската насока, рече Симон.

Во Шпанија, првите две смртни случаи од коронавирусот беа регистрирани на 3 март.

Врвот на пандемијата беше достигнат на 2 април, кога починаа 950 луѓе.

Од Ковид-19 Шпанија починаа вкупно 27.127 лица, а досега се заразени вкупно 240.000 луѓе.


Администратор
02/06/2020 00:29