Националната галерија на Македонија органи ликовен онлајн проект насловен „Го сакам мојот роден крај“. Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4 до 17 години.

Од Националната галерија информираат дека во овој проект можат да учествуваат сите деца кои живеат во некоја странска земја, кои не се со постојан престој во Република Македонија. Темата и мотивот на ликовниот проект треба да биде врзана за се она што ја одбележува Македонија, нејзината култура и традиција. На конкурсот може да се достават секаков вид уметнички дела, нема ограничување во поглед на креативните техники.

– Со помош на дигиталните медиуми ќе можете да ни ги праќате вашите креации и пораки за се она што Ве врзува со родниот крај. На свој ликовен јазик покажете го богатото минато на Вашите претци, зголемувајки го националното чуство и сплотувањето на многуте деца од сите страни на светот со заеднички корен. Секогаш не изненадувате со Вашата креативност и оригиналност! Ве охрабруваме да се пријавите во што поголем број. Вашите креации може да ги доставите на marketing.ngm@gmail.com или да ги објавате на социјалните мрежи Фејсбук и Истаграм, при тоа тагнете ја Национална галерија на Република Македонија и во објавата употребете го хаштагот на проектот „Го сакам мојот роден крај“ – #ГоСакамМојотРоденКрај, велат од Националната галерија.

Информираат дека испратените слики, цртежи, видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Националната галерија на Фејсбук и Истаграм.