За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме, пишува на својот фесјбук профил, техничкиот премиер Оливер Спасовски, иако голем број на функционери од владеачката партија беа во самоизолација или се позитивни на коронавирусот.

Поради оваа причина, тој вели дека сите партиски активности ги прилагодуваат на новите околности со цел да го заштитат јавното здравје.

– Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“. На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација, пишува Спасовски.