Во врска со најновите измени на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите, кои беа усвоени вчера на Влада, Претседателот на ДИК Оливер Деркоски во емисијата Топ тема на Телма Телевизија оцени дека е некоректкно „правилата да се менуваат во 5 до 12“. Направени се, рече, премногу правни комбинаторики, нарушен е основниот принцип за фер пристап и еднаквост на сите учесници во изборниот процес и тоа, како што рече, веројатно многу и ќе влијае на процесот.

-Се надевам дека ќе нема многу негативни последици. Меѓутоа, ќе мора да се прилагодиме на оваа ситуација и како претседател на ДИК мора да го водам процесот и да го истерам до крај. Сè уште го имам истиот став за уредбите со законска сила и нивната важност и околу потребата од повторно организирање на сите изборни дејствија заради заштита, пред се, на легитимитетот на процесот. За жал, убеден сум дека ќе има обиди овој процес да се делегитимира од доста страни во наредниот период. Се надевам дека нема да се доведеме во ситуација еден ден да дочекаме одлука на Уставен суд со која ќе се поништат одредени дејствија на процесот, рече претседателот на ДИК Деркоски.

Со измените на Уредба, кои беа донесени синоќа, се регулираат правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за рекламирањето обезбедени од Буџетот согласно член 76-д од Изборниот законик