Професорката Гордана Силјановска Давкова, носителот на пратеничката листа во изборната единица 1 од денес е првиот политичар во Република Македонија кој е дел од социјалната мрежа Тик-ток а која стана особено популарна во Македонија за време на карантинските коронавирус денови.
Силјановска не само што е првата жена политичар, туку е и првиот политичар воопшто во Македонија која има свој Тик Ток профил. Популарната Гога, отсекогаш блиска до своите студенти и до младите воопшто, имаше сенс точно да го почувствува духот на новото време, па е првата од политичката фела која умешно ја користи технологијата. И тоа не само во служба на политиката и професијата, туку воопшто, остварувајќи еден поинаков, виртуелено-социјален контакт со своите пријатели, студенти, гласачите, граѓаните…
И додека Тик Ток апликацијата некои ја користат исклучиво за забава, професорката Сиљановска Давкова, истата ја користи и за едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори.
Младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… се особено важни и во фокусот на програмата проектот Обнова, па професорката токму Тик Ток го искористи да дискутира на една од овие теми врзани за младината во Македонија.
Нејзиното присуство на оваа социјална мрежа наиде на позитивни коментари во јавноста, а само неколку часа од отварањето на нејзиниот профил веќе има околу 40.000 прегледи на нејзините видеа.
Нејзиниот профил може да се следи на следниов линк.
*ППР