Во Пијанечко-малешевскиот регион во текот на утрешното гласање во рамки на предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат вкупно 728 болни и изнемоштени лица. Од нив, најмногу болни и изнемоштени се регистрирани во Делчево, вкупно 335 лица, а најмалку во Македонска Каменица каде ќе гласаат 77 гласачи.

-Од 341 пријавени болни и изнемоштени лица, Комисијата позитивно се произнесе по однос на 335 пријави. Гласањето ќе се одвива согласно протоколите, а ќе започне од 7 часот, информираа од Општинската изборна комисија во Делчево.

Отаму информираат дека денес немало регистрирано гласачи со Ковид-19 во Делчево и Македонска Каменица.

Во Малешевијата утре ќе гласаат 316 болни и изнемоштени граѓани.

-Во Берово од 192 пријавени ќе гласаат исто толку гласачи, додека во Пехчево исто така нема одбиено пријавени болни и изнемоштени. Во оваа општина во текот на утрешното гласање своето право на глас ќе можат да го остварат 124 болни и изнемоштени граѓани, информираа од општинските изборни комисии.

Во овие две општини денес гласаат и три лица со Ковид-19, од кои 2 во Пехчево и 1 лице во општина Берово.