Изборната комисија на Белорусија денеска ја одби кандидатурата на опозицискиот кандидат Виктор Бабарико за претстојните претседателски избори.

Комисијата беше едногласна против кандидатурата на Бабарико, по препорака на нејзиниот претседател, откако ги прочита тврдењата дека тој не ги пријавувал сите свои приходи и неговата кампања користела финансирање од странска организација.

Бабарико од јуни се наоѓа во притвор, откако беше обвинет за изнесување од земјата на 430 милиони долари преку шема за перење пари, пренесуваат британските медиуми.

Одбивањето на кандидатирата на Бабарико го отвора патот актуелниот претседател Александар Лукашенко да остане на власт уште еден мандат, со оглед на фактот дека бизнисменот се сметаше за негов главен ривал.

Претседателските избори во Белорусија ќе се оддржат на 9 август.


Администратор
14/07/2020 16:10